Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведен крадец во Велес кој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна од 18 месеци

Приведен крадец во Велес кој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна од 18 месеци

На 10.10.2025 во 13:00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го приведоа А.К.(43) од с.Горно Оризари, велешко, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено -  поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Мени за пристапност