На 20.08.2024 во 22:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.А.(19) од с.Баница, струмичко. Тој се сомничи дека извршил тешка кражба во куќа во село Баница, при што одзел повеќе предмети. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.
Лицето било задржано во полициска станица, запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.