На 26.07.2025 во 17.20 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Д.А.(61) од Гостивар. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода, во која учествувал, било констатирано дека тој управувал возило под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,83% промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.