Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и кражби

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и кражби

Денеска (12.08.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Велес, ОВР Кавадарци и СВР Штип на неколку локации во Скопје, Кавадарци, Кочани, Виница, Штип, Делчево и Велес, реализираа сообраќајни превентивни активност со акцент на безбедноста на пешаците, потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига.

На пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улицата да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации и низа други совети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. , за да влијаат на зголемување како на својата, така и на безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал. Полициски службеници од ПС Берово и ПК Градско, реализираа превентивни активности за заштита од пожари во рамки на кои на граѓаните им беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување, со цел да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112.

 На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година. Полициски службеници од ПО Чашка, Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Штип денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност.

Мени за пристапност