Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип за заштита од пожари

Превентивни активности на СВР Штип за заштита од пожари

Во текот на вчерашниот ден (24.05.) на подрачјето на оштината Чешиново –Облешево, односно во селата Чифлик, Облешево и Чешиново, од страна на полициски службеници од ОВР Кочани беше спроведена превентивна активност под мотото „Не ја уништувате природата, таа е нашиот живот“, а примарно фокусирана на превенцијата од пожари.

При спроведувањето на превентивната активност, во непосредни разговори со месното население, пред се со земјоделците, полициските службеници укажуваа за последиците од палењето на оган на стрништата, на меѓите, посевите и близу зелени површини, како и околу законските одредби од таа област, пред се заради штетите што пожарите ги носат како долгорочни последици по квалитетот на животната средина, но и за опасностите непосредно по човечкиот живот.

Целта на активноста беше да се влијае врз граѓанската свест и одговорност, а во текот на активноста беа делени и едукативни летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“. Инаку вчера, и полициски службеници од Полициската станица Виница во содејство со претставници на ДЗС, на Шумската полиција и на ЈП„Национални шуми“ спроведоа активност под мотото – „Да ги заштитиме шумите од пожари и бесправна сеча“ на подрачјата на селата Пекљани, Драгобрасте, Трсино и Трстија, на подрачјето на општината Виница.

Мени за пристапност