Денеска (12.05.) полициски службеници од ПСОН Штип и ПС за БПС Штип во средното општинско училиште „Јане Сандански” во Штип реализираа едукативна работилница во рамки на превентивната кампања „Безбедни матурски прослави“.
Целта на оваа кампања е подигнување на свеста кај матурантите за важноста од одговорно однесување за време на матурските прослави, како и да се укаже на можните ризици поврзани со злоупотреба на алкохол, дрога и учество во сообраќајот под дејство на психоактивни супстанции и слично. На учениците им беа поделени и информативни материјали, изработени во соработка со РСБСП.
Исто така, денеска и полициски службеници од ПО за БПС Берово, во Берово реализираа превентивна активност посветена на одржување на безбедни и мирни матурски прослави. И во оваа прилика на учениците им беа поделени информативни материјали изработени од РСБСП.