Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претреси во Скопје, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица 

Претреси во Скопје, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица 

 

На 08.12.2025 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје.  По наредба на Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси во нивните домови, при што во домот на Д.З. се пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и дигитална вага. Додека, од  М.Н. е одземена бела прашкаста материја. 
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност