На 15.12.2025 во 21:00 часот полициски службеници од СВР Битола во Ресен го лишија од слобода О.Д. (51) од Ресен. Истиот ден полициски службеници од СВР Битола и Регионалниот центар за гранични работи Запад, по наредба на Основен суд Битола, во куќа во с. Курбиново, ресенско и стан во Ресен, сопственост на О.Д., извршија претреси, при што се пронајдени ловна пушка, 144 ловни патрони, воздушна пушка, околу 100 парчиња пиротехнички средства, дијаболи, 20 куршуми и масло од канабис. По документирање на настанот, против О.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.