На 16.09.2025 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.В.(26) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.
На 16.09.2025 во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.С. (53) од село Биљановце, кумановско, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е бела прашкаста материја.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.