Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претреси во Берово и Виница, пронајдена дрога

Претреси во Берово и Виница, пронајдена дрога

Денеска (20.08.2025) околу 09.30 часот, полициски службеници од СВР Штип-ОВР Берово го лишиле од слобода Б.С.(36) од Берово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис, неколку пакувања со марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. 


На 19.08.2025, исто така, со судска наредба, полициски службеници од СВР Штип - ОВР Виница извршиле претрес во домот на Г.П.(32) од  Кочани, со живеалиште во Виница. При претресот биле пронајдени и одземени , марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.  
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност