На 21.08.2025 во 02:50 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Г.Н.(47) од Виница.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.