На 05.10.2026 во 14:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Љ.М.(54) од Велес.
Полициски службеници од Отсекот за економски криминал и Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес, извршија претрес во дом и помошни простории на Љ.М. во село Војница, општина Чашка, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана и дигитална вага.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.