На 06.11.2025 во 20:20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода А.Т.(21) од Велес. По издадена судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари. А.Т. е приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од КЗ.