На 23.05.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.А.(19) од село Долно Каласлари, велешко и Ј.П.(19) од Велес, а во 15:15 часот лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.А., а сопатници биле Ј.П. и малолетникот, кој излегол од возилото и побегнал, при што фрлил пари и марихуана, кои биле пронајдени и одземени.
При преглед во возилото била пронајдена и одземена маихуана, а М.А. и Ј.П. биле лишени од слобода и известен бил јавен обвинител. Подоцна, со судска наредба, извршен бил претрес во домот на малолетникот во присуство на негов родител, каде биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, телефон и пари.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а потоа и спроведен во Основно јавно обвинителство Велес. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.