Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во валандовско, пронајдена ловечка пушка, лишено од слобода едно лице

Претрес во валандовско, пронајдена ловечка пушка, лишено од слобода едно лице

На 11.08.2026 во 18:45 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода И.Л.(37) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм, која ја поседувал без дозвола. За настанот е известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност