Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во угостителски објект во гостиварско, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица

Претрес во угостителски објект во гостиварско, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица

На 31.01.2026 во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Ш.Ш.(51), М.Х.(23), Ф.Ш. (53) од с. Чегране и 17-годишна малолетничка од с. Волковија. По претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, извршен е претрес во угостителскиот објект во с. Чегране, сопственост на првопријавениот, при што кај М.Х. се пронајдени и одземени шест паковки со кокаин. Во помошна просторија на објектот бил пронајден гасен пиштол, додека во фиока од комода била пронајдена прашкаста материја и пари. Ш.Ш. и М.Х. се лишени од слобода, а во врска со кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, од слобода се лишени и Ф.Ш. и 17-годишна малолетничка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Мени за пристапност