На 30.09.2025 во 11:00 часот во струшкото село Октиси, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Р.С.(34) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.