Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

На 25.08.2026 во 17.00 часот во с. Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Е.Н.(21), С.Р.(28) и Џ.М.(29), сите од село Банско. При претрес на домот на Е.Н., извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и стебло од растението канабис. Додека при преглед на С.Р.(28) и Џ.М.(29), кои бил затекнати во домот на Е.Н., била пронајдена марихуана. 


За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност