Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 13.12.2025 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип ги лишија од слобода И.Ш.(54) и С.Ш.(32), двајцата од Штип. 

По претходно добиена судска наредба, полициските слуижбеници извршиле претрес во домот и помошните простории на И.Ш. каде бил затекнат и С.Ш., при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, марихуана, дигитална вага, брендирани зипер ќеси, дробилка и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицата се задржани во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Мени за пристапност