На 07.10.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(43) од с.Глумово, скопско. При претреси во неговиот дом во с.Глумово и во негов угостителски објект во с.Сарај, извршени со наредба на Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија пронајдоа и одзедоа четири шприцови со масло од канабис, пиштол „Глок“ калибар 9х19, 88 куршуми од истиот калибар и ловечка пушка.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.