Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено кривично дело "разбојништво", поднесена кривична пријава

Претрес во Скопје,  пронајдени пари, расчистено кривично дело "разбојништво", поднесена кривична пријава

 

Во врска со претходно извршено кривично дело "разбојништво" со закана со пиштол на 18.11.2026 околу 05:55 часот во казино на бул. "Партизански Одреди" во Скопје каде одземени се парични средства во износ од 789.600 денари, од страна на ОКР Карпош при СВР Скопје се преземени се мерки и обезбедена е Наредба за претрес во дом кај осомничено лице. 

 

На 26.11.2026 во 06:00 часот по претходна наредба од Основен кривичен Суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај Д.К.(50) како и на патничко возило "тојота" со скопски регистарски ознаки.

 

Имено, од извршениот претрес кај лицето Д.К. пронајдени беа парични средства од околу 300.000 денари, две црни фантомки, и друга облека. До Основното јавно обвинителство Скопје против Д.К. поднесена е кривична пријава.

Мени за пристапност