Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во село во општина Старо Нагоричане, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице

Претрес во село во општина Старо Нагоричане, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице

 

На 06.08.2026 во 17:35 часот во с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(77) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. 
При претрес во негови простории во с.Стрезовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и две воздушни пушки. Лицето било задржано во полициска  станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност