На 04.12.2025 во 20:25 часот во атар на село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Е.К.(21) и Ѓ.И.(30), двајцата од село Бучим, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на Е.К. во село Бучим, при што, исто така, е пронајдена марихуана. Тие се задржани во полициска станица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.