Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 08.07.2025 во 16.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.И.(29) од Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дробилка. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност