На 16.09.2026 во 15:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.И.(19) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.