Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 22.10.2026 во Прилеп, полициски службеници од мобилниот тим ,,Task Force" при Регионалниот центар за гранични работи Југ и при СВР Битола - ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Б.(41) од Прилеп.

По претходно добиени оперативни сознанија и со наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во неговиот дом, патничко возило и мопед, при што се пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни валути и апоени.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Мени за пристапност