Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, следува соодветна пријава

Претрес во Охрид, пронајдена дрога, следува соодветна пријава

На 12.05.2026 околу 20:00 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, а со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција - Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршија претрес во домот и помошни простории во Охрид каде престојува И.Ј.(31) од Кичево.

При претресот е пронајдена и одземена марихуана, по што лицето е повикано во полициска станица и со него е извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност