На 03.07.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода го лишија Ј.С.(44) од Охрид. При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.