На 23.09.2025 во 23 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода ги лишија С.М.(29) и О.Џ.(31), двајцата од Куманово. При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, се пронајдени бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.