На 03.07.2026 во 20:45 часот во с. Сланско, Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.М.(42) од Скопје. При претрес во домот во с.Сланско, по добиена наредба од Основен суд Кичево, била пронајдена марихуана, дробилка и дигитална вага со траги од марихуана.
По документирање на настанот, против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.