На 21.10.2025 во 19:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.Р.(43) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.