Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

 

На 01.02.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.К.(24) и Ј.С.(18), двајцата од Куманово. При претрес во домот кај М.К., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и  дигитална вага. По преземени дополнителни мерки било утврдено дека заеднички ја поседувале и препродавале дрогата. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Мени за пристапност