Денеска (01.08.2026) во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом на А.Р. во Кочани, при што пронајдени и одземени се над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана.
А.Р. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.