Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Кочани, пронајдени и одземени околу 200 различни видови парфеми без документација, лишено од слобода едно лице

Претрес во Кочани, пронајдени и одземени околу 200 различни видови парфеми без документација, лишено од слобода едно лице

На 18.11.2026 во 17:25 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.Д.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ по член 285 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 197 различни видови парфеми од познати брендови и повеќе различни козметички и други производи за кои не поседува никаква документација. 


За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност