На 13.12.2025, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ч.(24) од Кавадарци. При претрес во простории кои привремено ги користи во Кичево, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, предмети со остатоци од Марихуана, шприц исполнет со течност и други предмети.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.