Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 06.03.2026 во 21:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Е.Д.(44) од Кавадарци затоа што кај неа биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. Таа била задржана во полициска станица и во службен разговор изјавила дека дрогата ја набавила од М.М.(37) од Кавадарци. На 07.03.2026, по претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во дом и помошни простории на М.М. каде биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. М.М., исто така, бил лишен од слобода и известен бил јавен обвинител. По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност