Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

На 10.11.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја. Исто така, пронајдена е и  бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.

Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.

Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност