Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во гостиварско, пронајдени 116 грама хашиш, лишено од слобода едно лице

Претрес во гостиварско, пронајдени 116 грама хашиш, лишено од слобода едно лице

На 04.07.2026 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес во објект на С.Б. (63) во с. Здуње, гостиварско.

При претресот, во дворот е пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш. С.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Мени за пристапност