Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во гевгелиско, пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана, лишено од слобода едно лице 

Претрес во гевгелиско, пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана, лишено од слобода едно лице 

 

На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица. При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

Мени за пристапност