Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Берово, пронајдени оружје, муниција и пиротехнички средства, следува соодветна пријава

Претрес во Берово, пронајдени оружје, муниција и пиротехнички средства, следува соодветна пријава

На 19.03.2026, со наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Берово извршија претрес во помошна просторија во Берово, сопственост на Д.П.(38) од Скопје, со живеалиште во Берово. При претресот во објектот се пронајдени и одземени една ловечка пушка „ТОЗ 63“ калибар 16мм, 53 ловечки патрони калибар 16мм, пиротехнички средства, куршуми и реденик за патрони.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Мени за пристапност