Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Поранешна вработена со помош на друго лице уценувала сопственик на угостителски објект во Куманово, поднесена е кривична пријава

Поранешна вработена со помош на друго лице уценувала сопственик на угостителски објект во Куманово, поднесена е кривична пријава

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел создавање негативна слика за угостителскиот објект.

Во извршување на делото ѝ помагал второпријавениот.

Мени за пристапност