Денеска (15.08.2025) полициски хеликоптер од Одделот за Воздухоплани единици на Министерството за внатрешни работи активно учествуваше во гаснењето на пожарот во реонот на Јажинце и Рогачево. Со помош на хеликоптерот, кој исфрли преку 80 тона вода, пожарот беше значително контролирано ограничен.
Координираната акција со помош на земјените сили на терен доведе до успешно стопирање на кракот на пожарот кој се приближуваше кон селата, со што беа спречени можни поголеми материјални штети.