По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за недозволена трговија расчисти кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на аркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик и до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Н.(23) од Скопје.
Имено, на 27.06.2025 од граѓанин било пријавено дека на паркинг простор на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ има обид за кражба на возило, по што полициски службеници излегле на местото и констатирале дека не станува збор за кражба, туку дека возилото е хаварисано и во него биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, по преземени мерки било утврдено дека М.Н. е лицето кое било во возилото пред пријавата. На 11.08.2025 лицето било обезбедено и во службен разговор во полициска станица го признал делото., по што му е поднесена пријавата.
Од судија на претходна постапка на М.Н. му е одредена мерка притовр од 30 дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.