Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана за медиуми

Покана за медиуми

 

Денеска (19.12.2025), во 13:00 часот, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствува на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од употреба на пиротехнички средства – петарди, која ќе се одржи на Плоштад „Македонија“ во Скопје, кај Порта „Македонија“.

Вежбата ќе биде реализирана од СВР Скопје, во соработка со Црвениот крст и ученици од СУГС „Владо Тасевски“, како дел од кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите од употребата на пиротехнички средства, под мотото: „Забавна за момент, кобна за цел живот“.

Ги покануваме медиумите да го проследат настанот.

Мени за пристапност