Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана до медиуми

Покана до медиуми

Почитувани,

Ве известуваме дека одбележувањето на 25 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување ќе се одржи утре, сабота (22.08.2026), со почеток во 18:00 часот, пред Офицерскиот дом во Битола.

На настанот ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на Единицата за брзо распоредување, Стојанче Николов.

Во рамки на одбележувањето ќе биде изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ќе ги презентираат своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи Единицата за брзо распоредување.

Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат и да го проследат настанот.
Медиумските екипи се замолуваат да пристигнат на локацијата најдоцна до 17:40 часот.

Мени за пристапност