Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана до медиуми

Покана до медиуми

Почитувани,

Ве информираме дека утре, (07.09.2026) во 11:00 часот, во FOUR - Хотел Парк ќе се одржи прес-конференција на Министерството за внатрешни работи и „Авалон“, во пресрет на одбележувањето на 8 Септември - Денот на независноста со концертот на Дејвид Гета на Стадион ,,Тодор Проески".

На прес-конференцијата ќе бидат презентирани информациите за организацијата и текот на настанот, мерките за безбедност, режимот на сообраќај, начинот на влез и движење на посетителите, замената на влезници за нараквици, како и важни насоки и препораки за граѓаните.

Ги покануваме медиумите да присуствуваат и навремено да ги информираат граѓаните за сите детали поврзани со одржувањето на настанот.

Мени за пристапност