Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана до медиуми

Покана до медиуми

Утре (среда, 07.05.2025) во 09.30 часот во Центарот за обука на МВР во Идризово (на спортското игралиште) ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција 7-ми Мај. На настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Македонија. Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Ги покануваме заинтересираните медиуми кои сакаат да го проследат настанот, да пристигнат на местото на настанот до 09.00 часот. 

Мени за пристапност