Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода пет возачи, од кои три за управување на возило под дејство на алкохол, еден за возење и покрај тоа што имал активна забрана и еден затоа што управувал нерегистрирано возило без возачка дозвола. По еден возач во Кавадарци, Кочани и Дебар управувале возило под дејство на алкохол, Еден возач во Кавадарци управувал возило и покрај тоа што имал забрана, а еден возач во Кавадарци возел нерегистрано возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.