Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пет лица се лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Пет лица се лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 17.06.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје 39-годишна жена пријави дека на 16.06.2026 на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.06.2026 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.Е.(59) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека по кратка расправија во семејниот дом се обидел физички да ја нападне. Тој е задржан во полициска станица и при извршена проверка, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,03 промили алкохол во крвта.

 На 18.06.2026 во 06:50 часот на ул.„Ѓорѓи Сугарев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Љ.С.(58) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна сопруга дека вербално ја малтретирал и навредувал. На 18.06.2026 во 08:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ѓ.(24) од Куманово постапувајќи по претходна пријава деак психички и физички ја малтретирал неговата поранешна партнерка.

На 17.06.2026 во 23:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ц.(50) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и се заканувал на неговата 54-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

 На 17.06.2026 во 20:35 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.С.(31) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во двор од семејниот домот физички ја нападнал неговата 53-годишна мајка. Тој бил приведен во полициска станица.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност