Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Отворен ден на Факултетот за безбедност: Директорот на БЈБ Александар Јанев со порака за интегритет, дисциплина и одговорност во полициската служба

Отворен ден на Факултетот за безбедност: Директорот на БЈБ Александар Јанев со порака за интегритет, дисциплина и одговорност во полициската служба

Денеска (04.05.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев се обрати пред студентите на Факултетот за безбедност, во рамки на одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција. 

Бирото за јавна безбедност, во соработка со Факултетот за безбедност, организираше отворен ден на кој учествуваа студенти на Факултетот за безбедност и кадетите од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи. Настанот беше искористен како можност за отворен дијалог, размена на искуства и споделување визии за иднината на полициската професија.

Во своето обраќање, директорот ја истакна важноста на полициското образование како темел за градење професионалци со интегритет, дисциплина и чувство за одговорност. „Полициското образование не претставува само совладување на закони и процедури, туку и процес на градење карактер, одговорност и интегритет – вредности кои се клучни во секојдневното работење и носењето одлуки“, истакна директорот Јанев.

Во рамки на настанот, преку непосредна и интерактивна дискусија, учесниците имаа можност да слушнат искуства од полициската пракса – од образованието и теренската работа, до раководењето со организациски единици во рамки на Бирото за јавна безбедност и Министерството за внатрешни работи. Беше потенцирана и улогата на полицијата како силна и обединета заедница, која се соочува со бројни безбедносни предизвици, но и ја носи одговорноста за заштита на граѓаните и државата. Директорот Јанев упати јасна порака до младите дека полициската професија не е само работа, туку животна определба која бара посветеност, интегритет и подготвеност за служба на заедницата.

Мени за пристапност